Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош во Турција, најави денеска претседателот Ставо Пендаровски во врска со земјотресот што ја зафати оваа земја и во кој има голем број загинати и повредени.
Како што рече Пендаровски по денешната средба со својата унгарска колешка Каталин Новак, во Турција се случил уште еден земјотрес.
Изразивме сочувство за земјотресот во Турција. Добивме информација дека има и втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопскиот змејитрес и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред се со оние што ги изгубија своите најблиски, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.