Македонија е една од земјите коишто не ги исполнуваат во целост своите обврски кога станува збор за државните трошоци што се издвојуваат за одбрана.

Целта на Алијансата е сите држави членки за одбрана да издвојуваат најмалку 2% од својот БДП, но во моментов, такво нешто исполнуваат само 11 од 30 земји што се дел од НАТО.

Најголем процент од својот БДП издвојува Полска – 3,9%, втори се САД со 3,5%, а трета Грција, со 3%. Покрај нив, над барем 25 од својот буџет за одбрана издвојуваат Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Латвија, Велика Британија и Словачка.

Затоа, пак, најмалку троши Луксембург – само 0,7 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.