Министерството за внатрешни работи ќе отвори нов пункт за вадење на лични документи, без претходно најавување. Просториите ќе бидат стационирани во Кисела Вода, каде ќе бидат сместени новите кабини за фотографирање. Ќе има 12 пунктови во кои е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.

Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.

Согласно законските одредби, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.