Кога зборуваме за премиер Албанец, не е премиер Албанец, туку премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија. Погледнете ги последните месеци, години од владеењето, нема ден да нема скандал. Дали е Закон за игри на среќа, дали е купување земјиште, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5.

Лефков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара не функционира техничката влада, но за тоа се потребни измени во Изборниот законик и во Законот за влада. Имаме доволно време тоа да го направиме.

– Доколку власта прифати премиер од ДУИ во ваков момент, ги амнестираат за сите криминали и сомнителни дејанија. Уште претходно предложивме ваков предлог уште во јануари минатата година за кој СДС и ДУИ гласа против. Предложивме укинување на Пржинска влада, но тие рекоа имало време, а сега викаат немало време за измени. Секогаш се изгубени во време и простор. Коалициските игри не треба да бидат на товар на граѓаните. Потребно е да се ослободиме, рече Лефков.

Лефков нагласи дека дури и да не се укине техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на избори, но во корист на граѓаните е да се укине техничката влада.

– Погледнете ги скандалите кои ни се случуваат секој ден. Ајде да го смениме тоа правило. За корист на граѓаните и иднината. Секогаш кога се фатени во криминал и кога треба да се отвори дебата како пари од државна лотарија завршуваат кај нивни компании, како тендери завршуваат кај најголемите финансиери на ДУИ се користи флоскулата за напад на Албанците. А и Албанците и Македонците еднакво страдаат од оваа власт која упорно продава празни флоскули за европски фронт, а се претворија во гробари на македонскиот работник, здравство, стандард судство, правна држава. Видовме како оваа власт со европско знаме носи закони кои се далеку од европски, изјави Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.