Гледаме како неизбраниот премиер се обидува да се пазари со се дури и нешто што претставува уставна категорија како што тоа се изборите. Во нормална држава треба да има среден Изборен законик, веќе треба да бидат усогласени и прифатени забелешките од ОБСЕ, треба да бидат и известени во ОБСЕ, а во државата немаме ниту најава на тие процеси, а во момент кога се бара да отпочнат легитимно и во интерес на демократијата, власта се обидува да влезе во процес на непринципиелно пазарење, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „За или против“ на Алфа.

Лефков истакна дека треба Ковачевски конечно да се појави на избори, затоа што неизбран дојде.

– Гледаме секој ден како е од лошо полошо во државата, Ковачевски да се одважи да седне да се усогласат измените во Изборен закони, да се усогласат процесите и конечно да отидеме на легитимни избори и конечно да се обнови легитимитетот на владата да дојдеме до влада која ќе работи во интерес на граѓаните, потенцираше Лефков.

Лефков нагласи дека треба да има лидерска средба за овие важни процеси кои поврзани со изборите, а не за непринципиелно пазарење на Ковачевски.

Во однос на уставните измени Лефков истакна дека власта со месеци манипулира и тоа им се удри од глава на седницата на 18 август кога видоа како сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беа заедно во сала и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ го делат над 80% од граѓаните.

– Џафери не го стави на гласање предлогот и Артан Груби сака да наметне немир кај народот со лажни и манипулативни теми. На очиглед на целата јавност не може да се утврди датум за избори, и сега сакаат само да си купат ден повеќе. Во исто време шират лажни вести се со една цел да се вознемират граѓаните. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се единствени за ставот за уставни измени под бугарски диктат и така сметаат над 80% од граѓаните. Таа нивна кампања за немир кај граѓаните и донесе обратен ефект на власта, нагласи Лефков.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.