Поранешната висока функционерка на СДСМ Софија Куновска ја искоментира објавата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој ги нагостил поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев и порнаешниот министер за здравство Венко Филипче во домот во Крива Паланка.
Иако Николовски е со полна уста благодарност кон поранешните функционери за тоа што направиле за неговата Крива Паланка, Куновска на фотографијата гледа лоповлук, неспособност, безчестие и лигавост.
Ви фали малку внимание, а? Вие би да се сликате, а?
Јадници. Незаситници.
Еве да ви пишам „малку внимание“.
Не разбираат дека се симбол на сите погрешни вредности што ги живееме.
Не разбираат дека после нив наново треба да се воспостави вредносен систем кој ќе се потпира на се спротивно од тоа што го симболизираат тие.
Лоповлук, неспособност, безчестие и лигавост. Секое утро се будат со мисла што уште е останато да се разори и да се покраде, каде уште да се бутне некој свој од кој ќе се придобие уште некоја полза. И после сите милиони, никому потребни, а толку желни за внимание.
Но, драги мои сами треба да се избориме за поинакви времиња, за подобри времиња. На очи ни се распаѓа државата.
Злоупотребите собираат прав во обвинителските и судските фиоки.
Ако заслужуваме поинакво нешто од овој трулеж и ќе добиеме. Ако не, тоа е. Или ќе се разбудиме или ќе пропаѓаме во оваа жива кал.
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче го посетија министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
„Зоран Заев и Венко Филипче благодарам за се што направивте за мојата и наша Крива Паланка. Чест ни беше што бевте наши гости“, напиша Николовски на фејсбук.
Инаку, Николовски му беше шеф на кабинет на Заев уште кога ја водеше СДСМ во опозиција, а по политичките промени стана министер за земјоделство и вицепремиер за антикорупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.