Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на
бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата.

Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации.

Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и
документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна
помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27
262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро.

Целата сторија на А1он



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.