Вистина е дека во 2001 година падна многу крв. Но, крвта за која УЧК, подоцна ДУИ и Али Ахмети прво добија амнестија, а потоа и амнезија, се пролеа од ножот на „бранителите“.
Ако заборавил, еве му можност да се потсети на крвавите грбови на градежните работници на Маврово. Нивното место е заслужено на крвавите столчиња кои вчера беа поставени во Слупчане за да ја симболизираат крвта на загинатите војници на ОНА (УЧК).
Но, и Македонците имаат колективна меморија. Крвта пролеана во 2001 година во нашата меморија ги визуализира мавровските работници врз чиишто грбови се изживуваа „борците за слобода“.
Карикатуристот Седо Перо ја дополни сликата од колективната меморија, на, како што рече вчера Ахмети, составниот дел од македонската историја.
Мавровските работници во 2001 година беа киднапирани и малтретирани од „борците за човекови права на УЧК и Ахмети“ кои врз грбовите од работниците со нож им ја врежаа буквата „М“ за Македонија. Случајот „Мавровски работници“ е само еден од четирите за кои раководството на ОНА доби амнестија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.