Вистински пекол при подигнување на новите документи. Ако за термин за вадење на нови документи поради промената на името, се чека речиси цела година, подигнувањето на документите е борба за живот. Редици луѓе кои чекаат со саати, редовно искршена врата… Граѓаните се жалат дека доаѓаат неколку дена по ред, чекаат по два часа и заминуваат дома без документи поради тоа што не можат да дојдат до шалтер.

Дел од граѓаните пак се жалат дека вратата за подигање документи е затворена многу порано од 20 часот, до кога треба да работат. Велат во 19 часот веќе се изгасени светлата и нема никој внатре.

-Бев да земам документи преку работна недела десетина дена пред новогодишните празници. ВО МТВ, каде што вадев документи редицата беше дури по скали надолу. Се откажав и решив да дојдам во петок попладне, сметајќи дека ќе нема толку гужва. Но нешто пред 19 часот наидов на заклучена врата. Од прозор се гледаат просториите од каде што се издаваат документите, немаше светло. Сите заминати. Во сабота работното време беше 20 часот. Сопругата е бремена, а мора лично да ги подигне документите. Поради тоа отидовме некде околу 18 часот и 15 минути. Вратата заклучена, но се гледа дека има светло. Тропнав неколку пати кога конечно отвоти врата полицаец и ни кжа дека за денеска толку. Бевме собрани околу 7-8 луѓе. Откако дел од оние што чекаа се заканија дека ќе пријават во МВР дека вратите се затворени порано, отворија. Во делот за пасоши освен вработените зад шалтер, пред шалтер немаше никој. А изговорот на полицаецот беше дека на шалтер има премногу луѓе и дека нема да успеат да завршат со нив до 20 часот – вели наш соговорник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.