Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3, Драган Ковачки, порача дека полека се враќа ентузијазмот кај граѓаните, сите се приклучуваат на идејата за „Твоја Македонија“ и сите се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со „Платформата 1198“ планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

 

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

 

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, порача Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.