Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Димитар Ковачевски му порача дека е слуга на Али Ахмети, па го праша, каде е смената на Бојан Маричиќ и Бујар Османи поради лошите резултати. Тој го праша премиерот и каде е предлогот за разрешување на Славјанка Петровска, а поради тоа што немало плати во АРМ. За Ковачки несфатлива е промената на министерот за правда Никола Тупанчески, бидејќи, според пратеникот, на негово место доаѓа брат на осомничен за убиство.

Со честото менување на коалиционите партнери, го уништивте легитимитетот на извршната власт. Зарем заслужува еден професор како Тупанчески, кој уживаше делумна почит и кај опозицијата, по само година дена, да го замените со човек кој е брат на лице осомничено за убиство? Едно чудо министри за правда сменивте последните шест години. Тоа е доказ дека правдата ја гледате дневно политички и низ призмата на пазарењата, додаде Ковачки.

Тој праша каде е смената на Бојан Маричиќ кого го нарече неспособен и Бујар Османи за кого кажа дека бидејќи единствено е способен за продажба на се што не е негово.

Зарем министерот за здравство кој писмено барал од Владата да се купи лекот за болните од цистична фиброза, а премиерот не ја донел одлуката, ќе го менува со причина што министерот јавно проговори и ја обелодени вистината, дека директната одговорност за починатиот Благојче е кај премиерот, праша Ковачки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.