Најпрвин лажеше дека не бил во војска затоа што бил на школување. Откако беше фатен во лага и во јавноста излезе документ од кој јасно се гледа дека премиерот бил трајно неспособен за воен рок и за одбрана на својата земја во 2001 година, истиот 11 дена бегаше и не даваше одговори, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Конечно, истиот пред 2 дена се охрабри и на говорница јавно призна дека тим од лекари во 2000 година утврдиле дека бил трајно неспособен за одбрана на државата во 2001 година. Од причини што трајната неспособност законски е дефинирана според следното: “доколку наодите и функциите на органските системи на органите и сетилата за подолго време НЕ Задоволуваат, а се оценети со оценка 1, како и во случаите кога е предложена оцена “ограничен за воена служба” по повеќе основи истовремено, и тоа поради намалени функции на сетилата за вид и слух, и душевна запоставеност на граница на нормалното”, а имајќи во предвид дека оваа состојба е трајна и истата може само да прогресира и не може да биде отстранета, како и фактот дека премиерот Ковачевски јавно од говорница изјави дека секогаш бил чесен кон граѓаните, го повикуваме да ја покаже таа чесност и да доброволно дозволи неговата ДЕЛОВНА способност да биде утврдена од страна на надлежниот суд, вели Ковачки.

Тој го повика македонскиот премиер да го стави јавниот интерес пред неговите лични слабости.

Трајно неспособен премиеру Ковачевски, имате можност на народот да му ја покажете вашата чесност и да јавниот интерес го ставите над личните слабости.Барем еднаш бидете одговорен и не дозволувајте вашата трајна неспособност да влијае на одлуките и процесите во државата.

Понатаму додава:

Трајно неспособен и лажлив премиеру, бидејќи потврдивте дека од лекари имате утврдена трајна неспособност, охрабрете се и лично побарајте утврдување на вашата деловна способност и запознајте ја јавноста со резултатот од истата. Ние како партија ќе ви оставиме краток, но разумен временски рок да истото го направите и за истото да ја запознаете македонската јавност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.