Во однос на аудиоснимките на кои се слуша како претседателот на Собранието Талат Џафери упатува навредливи зборови кон вработени во службите во Собранието, Ковачевски истакна дека од таа снимка не може да се заклучи кој со кого зборува и од таа причина не може да ја коментира.

Тој новинарите ги упати коментар да побараат во Собранието, бидејќи, како што рече, тоа е посебна, законодавна власт, во која односите се уредени согласно Деловник.

Во однос на снимки што претходно ги имало, судскиот систем вели дека судски одлуки се носат врз основа на материјални докази низ судска постапка. Јас не можам да коментирам ниту за тие снимки од тогаш, бидејќи тоа го прават судските органи низ судски случаи преку изведување на материјални докази за што веќе има пресуди во државата, меѓутоа пресуди коишто се засноваат врз основа на фактички, материјални докази кои што се изнесени од страна на обвинителства и кои се пресудувани од страна на надлежни судови коишто нормално работат независно врз основа на законите во државата, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.