„Никогаш Северна, само Македонија“. Вака скандираа пред очите на новиот премиер на Македонија Димитар Ковачевски момчињата кои денеска во водите на Вардар го чекаа светиот крст на Водици.

Сложно и братски се однесува и на тој начин му испратија една единствена порака на Ковачевски.

Денеска традиционално се осветуваа Водите на Вардар и се положи Чесниот крст по повод празникот Богојавление.

За разлика од минатото верниците годинава сложно и братски не се фрлаа по крстот туку истиот го дочекаа прегрнати и сите заедно го фатија, а парите се одлучија да ги донираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.