Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, што се случи во ноември минатата година, со што истрагата е при крај. Собрани се огромен број докази неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави Сијка Милева, портпаролката на главниот бугарски обвинител, за БТА.

– Останува да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка – додаде Милева.

Во автобуската несреќа во Бугарија што се случи на автопатот „Струма“ на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.