Премиерот Димитар Ковачевски рече дека Македонија најдобро се справува со енергетската криза од сите земји во регионот.

Тој кажа дека сите капацитети кои произведуваат струја се во погон и дека дури се продаваат вишоци на електрична енергија.

Најдобро се справуваме со енергетската криза од сите земји во регионот. Од почетокот на грејната сезона, сите производствени капацитети се ставени во погон за производство, иако не веруваа аналитичарите. РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, како и сите хидроцентрали. Тоа овозможи во деновите кога има најголема потрошувачка енергија, Македонија да не увезува електрична енергија, што значи дека оние компании кои се на регуларниот пазар и домаќинствата добиваат субвенционирана електрична енергија. Според закон ЕСМ треба да испорачува 60% на регуларниот пазар, со одлука на Влада, ЕСМ беше задолжено да испорачува 100%. Дополнително одлучивме дел од компаниите да се снабдуваат од ЕСМ, меѓу кои училиштата, компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти и болниците. Дополнително поради кризата, а особено здравствениот сектор, а особено после кризата, Владата исплати долгови за струја кои ги имаше здравствениот сектор. Се јавуваат вишоци, ЕСМ ги објавува и на аукција која компанија сака д ги купи. Секоја компанија која се занимава со трговија на електрична енергија, може да се јави на аукција и да ги купи – рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.