Не може да се разговара за парцијални барања од двете страни. Договор со Бугарија е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашња и ќе занчи безусловно кревање на ветото за почнување на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека политичките прашања со Бугарија се разговараат меѓу експертите од министерствата за надворешни работи, кои разменуваат идеи и одржуваат состаноци, но дека во моментов не постои документ прифатлив за двете страни.
Финален документ, прифатлив за двете страни во моментов нема. Кога таков документ ќе е достапен тој ќе биде споделен со институциите и во нашата држава и во Бугарија“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности, на принципот на достоинство на сите граѓани и дека идентитетот и јазикот не се и нема да бидат предмет на разговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.