Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленуувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенциите што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и закони и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски повтори дека најавата за референдум е исклучиво за внатрепартиски прашања во ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.