Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во Тирана имаше средба со првиот човек на албанската престолнина, Ерион Велиjај.
На средбата, покрај размената на искуства од различни области, се разговараше и за можноста за создавање поврзувачки мостови за стимулација и интеракција на младите од Тирана и Гостивар..
Бидејќи Тирана годинава е прогласена за европска младинска престолнина, таа е и младинска престолнина на Гостивар”, рече градоначалникот Таравари.
Посебен фокус на средбата беше збратимувањето на училиштата, особено стручните училишта, социјалните политики како и организацијата на Гостиварската недела во Тирана и фестивалот на храна во Гостивар.
Таравари на средба со претседателката на Унијата на албански општини, здружение кое го промовира доброто на секој албански град преку разни организации, саеми и работилници, понуди преку кампањата „Избери Гостивар” и Гостивар да биде дел за да се промовира доброто на Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.