Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Македонија на Република Бугарија.

На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.

Претседателите на Владите на Македонија и Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков се согласија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.