Ако не ги решевме сите проблеми што постоеjа меѓу Македонија и Србија, немаше да биде можно да направите своја вечер во туѓа држава. А да направите своја вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома, изјави премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на македонската вечер во Белград во рамките на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен балкан“ во рамки на иницијативата меѓу трите земји.
Премиерот се заблагодари на сите министри од земјите што се присутни на македонската вечер.
Сакам да му се заблагодарам и на поранешниот премиер Зоран Заев, кој еден од основачите на оваа иницијатива. Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од САД. тука е амбасадорот Хил. Тука се и претставниците на фондацијата Отворено општество. Тука се и претседателите на стопанските комори, претставниците на стопанските комори. Најважно е што тука се претставниците, менаџерите на компаниите кои што соработуваат. Се надевам дека тука ќе бидат и косовските и босанските компании. Оваа е иницијатива која што потекнува од нас – таа е автохтона, рече меѓу другото Ковачевски.
Тој појасни дека од вино знае многу малку.
Саемот ако го правевме сами кај нас, немаше да биде добар. Ако го правеше Вучиќ сам во Белград- тој не знае продажба, затоа што јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност. Но, ако соберете на едно место, експерт за вино, експерт за продажба и еден уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем, додаде Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.