Новата енергија и динамика на односите со Бугарија, утврдени на нашата прва средба со делегацијата на бугарската влада во Скопје и на возвратната посета на Софија за да ја одржиме заедничката седница, низ работата на првите средби на работните групи стави на масата многу проекти и можности за соработка, рече премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија.
Наместо комуникација која што беше сведена на обвинувања, на говор на омраза, на настапи на пропагандисти, кои не доликуваат на односите меѓу две земји, договоривме многу конкретни иницијативи во кои ќе бидат вклучени стопанските комори, бизнис заедницата за да се зголеми во економијата и во другите области. Поставени се дури и рокови, како на пример да имаме видлив напредок во изградбата на железницата на Коридорот 8 до 2027 година. Тоа е амбициозен, но остварлив план“, истакна претседателот на Владата Ковачевски во интервјуто за јавниот радиодифузен сервис.
Тој додаде дека во комбинација со патниот дел од Коридорот 8, и знаејќи дека во Македонија тој се сече со Коридорот 10, се отвораат сериозни перспективи за економијата на двете земји, како и за сите други земји од регионот и заради излезот на двете мориња, Црното и Јадранското море во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.