За 20 дена од денеска Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор. Вчера, Владата одржа затворена седница на која директорот информираше за случајот со добивањето на македонско државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. Не сум во можност да ви дадам повеќе информации бидејќи седницата беше затворена. Имаше соопштение од страна Владата во врска со заклучокот за одземање на државјанството, истакна денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски одговараше на прашање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој го праша дали во овие пет месеци откако е премиер знаел за Онишченко, односно дали директорот на АНБ Димовски го информирал.
Откако премиерот не одговори директно на прашањето, пратеникот Милошоски рече дека Ковачевски морал да биде информиран дека му е доделено државјанство на Онишченко, посочувајќи дека тој е четврти на црната листа на САД, посочен како разузнавач на рускиот претседател Владимир Путин.
Онишченко, според Милошоски, има воспоставено врски во земјава уште кога Зоран Заев беше премиер за да носи гас. Тоа, како што кажа, го знаел Ковачевски, но не смее да каже поинаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.