Денеска (19 јуни 2022 година) претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе има средба со лидерите од владината коалиција.
Средбата ќе се одржи во 13:00 часот во свечена сала, во Владата на Република Македонија.
Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти од почетокот на средбата и потребно е да пристигнат во 12:40 часот на влезот пред медија центарот во Владата, од каде што ќе бидат спроведени до свечена сала.
По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.