Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.

Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата, пишува Ковачевски.

Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.

Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза, напиша на Фејсбук Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.