Додека владата на Ковачевски молчи, бугарската страна слави за успех во преговорите во историската комисија, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Јавноста се уште нема никакви информации од македонската страна што е договорено во однос на Цар Самоил и македонската историја.
Освен штури соопштенија за некаква си позитивна атмосфера во преговорите, граѓаните не се информирани што е договорено во комисијата. Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат.
Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот, таен договор на повидок?
Нема одговор дали Ковачевски се откажал од јазикот и што е договорот за Цар Самоил и дали тоа е причина за радоста во Бугарија?
Македонската влада води нетранспарентни и задкулисни преговори, без да биде запознаена опозицијата, пратениците во Собранието и сите граѓани за деталите во овие преговори.
Ковачевски и Османи треба веднаш да соопштат за што точно се преговара и дали се повторно се тргува со националните интереси. Националните предавства и порази на оваа ненародна власт треба веднаш да запрат, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.