Премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќање од Рим честиташе за одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Тоа, оцени тој, добивањето автокефалност е признание за наследството на Охридската архиепископија како и за тоа дека таа е автентичен дел од македонскиот идентитет.
Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно, на историската вест со која МПЦ се стекнува со автокефалност, вели Ковачевски во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.