Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест, рече поглаварот на МПЦ-ОА Архиепиското Охридски и Макеоднски Стефан во беседата по заедничката литургија со поглаварот на СПЦ Порфириј кој потоа соопшти дека ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„55 години седевме и чекавме во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи некој за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат денешниот сослужител неговата светост српскиот патријарх Порфириј и еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода од кладенецот на Јаков и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигна за жетва. Сега целосно ги гледаме сите убавини на рајот затоа што имаме со кого да ги споделиме и не тагуваме веќе како Адама туку се радуваме како апостолите на денот на педесетицата опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Зашто само вака подготвени можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети оти љубовта кога се споделува таа се премножува“, рече г.г. Стефан, по што присутните во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ следуваше громогласен аплауз.

Тој соопшти дека од Вселенската патријаршија го примиле како што рече, нашето благодаствено писмо и на Духовден (на 12 јуни) нашите архиереи ќе сослужуваат во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар.

Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар“, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.