Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 анализа изјави дека став на партијата е граѓаните недвосмислено да го искажат нивното мислење и револт. Треба да биде слушнато сечие мислење, зошто се наоѓаме во круцијален момент за државата и треба да го дефинираме нашиот пат.

– Да имаме одговорност сите заедно како чинители, особено ние како политичари, бидејќи клучната цел е да живееме во подобра состојба и во демократско општество. Имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусности, што беше наше клучно барање. Ние сме тие кои треба секој ден да покажуваме колку сме големи Македонци, рече Костадинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.