Приватните компании не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Алиу кажа дека внатрешната ревизија што ја спровела Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година покажала дека компаниите не се заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, што значи дека довербата на приватниот сектор кон државните институции е намалена. На 14 од вкупно 18 анализирани тендерски постапки од јануари 2021 до јуни 2023, пријавена била само една компанија.

На средба со компаниите тие посочија дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале, рече Алиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.