Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар.

Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава, информира КСЗД.

Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето.

За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.