Генерално гледано, според текстот на предлогот што ќе биде прифатен, идната судбина на Македонија се предава во бугарски раце. Во тие услови македонската влада ќе има статус на ослепен Самоилов војник – ќе може да гледа само со едно око. Како што сега не ги отвора двете за да види во која кал ја носи Македонија, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски.

Во предлогот јасно стои дека Бугарија и Македонија имаат заедничка историја, која, според бугарските толкувања, е чисто бугарска. Предлогот значи давање македонска согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство. Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое ќе треба да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање! А македонското прашање во европски рамки може да биде решено само тогаш кога нема да постојат Македонците, пишува Колемишевски.

Но, додава, да не зборуваме за историјата, да ја земеме предвид иднината.

Предлогот предвидува Бугарија да има целосна контрола врз нашата самоидентификација, врз учебниците по историја и географија, врз печатени книги, весници,медиуми и социјални мрежи. Во секое време бугарски официјални или анонимни комисии ќе можат да вршат цензура, да диктираат што може да се објави, а што ќе биде цензурирано или забрането. Јасно е како ден – ќе се форсира секој бугарски став, ќе се брише секој македонски досега важечки. Македонскиот јазик секогаш ќе биде третиран како непостоечки, поточно како западнобугарски дијалект. Ако во Југославија имавме признаен „чист македонски јазик“ сега, од наводните французи, тој е прогласен за „нечист“. Според сегашните констелации тешко е да се претпостави дека ќе има отпор од македонските власти, пишува Колемишевски.

Целата колумна на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.