Заговор против народот. Зошто ќе одиме до крај? Тоа што се случи со пукањето во толпата народ кој мирно го изразуваше своето Уставно право на протест е доказ дека во Македонија полицијата под раководство на Спасовски не се грижи за безбедноста на граѓаните, туку се грижи да го спроведе сценариото ОСМИСЛЕНО од човекот поврзан со палењето на американската амбасада – Зечевиќ, ОДОБРЕНО од нелегитимниот и пионот Ковачевски, а РЕАЛИЗИРАНО од горенаведениот министер за внатрешни – Спасовски, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако видоа дека цел народ се крена против предавничкиот предлог за бришење на Македонците и нивната историја, јазик и идентитет, тогаш прибегнаа кон балканско сценарио на решавање на проблемите.

Наместо да се бориш со силата на аргументите, наведените бандити посегнаа по аргументите на силата. Оти само за тоа се експерти.

Завчера започнаа со уфрлување на провокатори помеѓу народот кој секојдневно во 19.00 самоиницијативно се собира пред Владата, за денеска со платеници кои пукаа во народот и фрлаа тешки предмети, стаклени шишиња и петарди од надвозникот кај Мавровка врз многуилјадниот народ кој мирно протестираше и пееше патриотски песни.

Г-не Спасовски, што мислите дека ќе добиете со предизвикување на тие тешки инциденти по безбедноста на граѓаните?

Толку ли ви е значајно да останете ден или два плус на власт, по цена некој или некои вечерва да ги загубеа животите?

Толку ли немате грижа на совест за тоа што и’ го правите на нацијата? Од каде ја крадете, распродавате и понижувате, па уште и да почнете да не’ убивате по улиците само затоа што најголемиот грев на овој народ е што си ја сака и почитува својата држава за разлика од тебе и горенаведените.

Ете затоа ќе одиме до крај.

Затоа што сте штетници, и пред се’ анти-Македонци. И затоа што наместо да се грижите за безбедноста на граѓаните, Вие го правите токму спротивното.

Тоа ли се тие прогресивни сили, а Оливере? Да не некоја странска служба можеби и тоа го организирала? Да не е хибридно војување и ова?

Оливере, по Закон, ти си најодговорен за безбедноста во државата и треба многу добро да знаеш дека за овие настани ќе одговараш. И тоа здраво.

Ама нема да одговараш само за непреземањето на мерки што си бил должен да ги преземеш, туку ќе одговараш за директна организација и спроведување на гнасното сценарио за предизвикување на внатрешен конфликт. Што мислиш, никому не е јасно зошто немаше полиција на критичните точки, а тие малубројните не реагираа никако против насилниците на Артан Груби?

Кој ќе ти биде одговорот кога ќе те прашаат зошто токму денеска голем дел од најдобрите полициски службеници си ги распределил на помалку важни работни места?

Чашата е прелиена. Народот не се плаши, туку напротив, решен е да си ја одбрани државата од разнебитување и бугаризирање.

А за таквите како тебе, пардон нема да има, тоа сме го кажале неколку пати.

Сакаш сфати, сакаш игнорирај. Сеедно. Одговорност ќе има, пишува Ковачки на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.