За јавноста да се потсети – КОЈ Е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска – пребеганиот #Љупчо #Палевски – #Палчо, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.
Љ.П.Палчо и друг прекар УПА по градежната фирма ,,Упа Ентерпрајз”, одамна требаше да биде во затвор и таму да биде заборавен. Само последниве години, имаше зад себе кривично дело ,,оддавање службена тајна” и ,,носење оружје без дозвола”, дела за кои не е осуден.
Зошто ова суштество не беше во затвор во мандат на СДСМ?
▪︎ Станува збор за поранешен моќен сдсмовски градежен и медиумски магнат од времето на Бранко Црвенковски т.е крајот на 90-те, кога паѓа владата на БЦ.
По падот на владата го формира #неделникот ,,#Старт”.
▪︎Потоа, во 2002, кога СДСМ доаѓаат пак на власт, е наименуван за претседател на Градската организација на СДСМ.
▪︎ Сопственик на неделникот “Старт”, финансиран од сдсмовски кругови. Со новинарски имиња како #Мирка и #Ефтов
Ја купи и ТВ “Скопје”, која никогаш не проработе, а во која беше вработена Оливера Трајковска.
#Градежник, кој своите зданија во Дебар маало, ги изгради поради блискоста со тогашниот градоначалник #Мирослав #Грчев. Градеше високи згради, по план на Грчев, кој Министерството за урбанизам и Душко Кадиевски, го враќаа и по пет пати во годината, за на крај воопшто да не се усвои.
По доаѓањето на Љубчо на власт, прво што направи новата власт беше уривање на дивото поткровјето на негова вселена зграда на улица #Пиринска” во Д.маало. Тогаш бев новинар и сцените со вриштење, полиции и колнење од станарите, уште ги паметам.
Воедно, јас, во тоа време, 500 текста напишав за неговата зграда #Тифани, која Грчев ја нацрта на трасата на подземната сообраќајница.
Се зборуваше и дека Палевски дал 100.000 марки на УЧК во 2001 за да не му ја палат печатницата во М.Речица.
Пред 2-3 години стана актуелен по формирање на некакво движење ,,Трета”, а на фотографијата е од пред две години кога непознати моторџии во движење му ја искршија главата пред неговата куќа.
Љупчо Палевски- Палчо во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар.
Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија.
Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.
Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.
Наводно беа пронајдени “бомби”.
Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица.
Според информациите до кои тогаш дојде Вечер.мк, Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.
Случајот е наведен и во билтенот на МВР.
На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.
Јавноста прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено за да биде спречено бегството од Македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.