Клековски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барање за избори ако власта се откаже од предлогот, ако не се откажат да знаат дека уставни промени нема да им поминат

Македонија 14.07.2022 / 20:01

ВМРО-ДПМНЕ правеше, прави и ќе прави се да ја предомисли владата за францускиот предлог, затоа што владата е таа која одлучува. Се што правиме, вклучувајќи ги и понудите дека нема да бараме избори, ако одлучат НЕ за францускиот предлог. Ќе се откажеме од барањето за предвремени избори, ако се откажат од францускиот предлог, ќе ги поддржиме во барањето на измените за преговарачката рамка. Но, доколку владата не се премисли ние ќе направиме се што може во политичката борба да се отстранат негативните последици на владината одлука, изјави Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има план и во случај доколку владата го усвои предлогот и тој ќе се одвива понатаму.

Претседателот Мицкоски најави дека нема да гласаме за промена на Устав и тоа е мал дел од планот. Тоа не значи дека ние немаме план за алтернатива што ако не помине планот. Сме отворени за дијалог и ќе ги браниме позициите кои ги декларираме. Ние правиме се рамки на политичка борба да ја без насилство, бидејќи насилството власта посакува да се случи, рече Клековски.

Клековски во однос на заклучоците посочи дека проблемот е што на СДСМ не може да им се верува.

Имавме во Собрание Резолуција за неменување на името, а сите знаеме како на насилен пат се смени името. Дел од недовербата сега за францускиот предлог е последица на тие трауми како се смени името. Ја изгласавме Резолуцијата за позициите на Македонија со Бугарија, но немаме доказ дека се запазени. Флоскулата дека ќе влеземе како Македонци со македонски јазик, тоа е стапица, дали ќе влеземе дека до 1944 сме биле Бугари со бугарски јазик и потоа сме октроирана нација. Ако тоа не се согледа ние нема да се извлечеме од ова, нагласи тој.

Клековски потенцираше дека недовербата е дека оваа мала клика која владее со СДСМ е заглавена во неспособност и криминал и во првата прилика може да направат понатамошни отстапки.

До ова дереџе сме поради неспособноста, криминалот и неискреноста во преговорите со Бугарија на оваа власт. Имаме отворени изјави од Бугарија од Андреј Ковачев, европратеник и нема суштинска промена на позициите. Додека нема промена францускиот предлог е мртов, рече Клековски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.