И во 1992 година ја одбивме Лисабонската декларација па односите со ЕУ продолжија. И сега ЕУ ќе ја почитува демократски донесената одлука. Кон Бугарија ќе испратиме јасна порака за нашите црвени линии. Дали тоа ќе отвори нов круг на поларизација зависи од нивното политичко водство – вели Сашо Клековски, политички аналитичар, советник, раководител во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, со когао разговараме за можните импликации од референдумот кој го иницира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициски партнери.

Иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ треба да се согледа во сегашниот контекст. Прво, негативните последици по Македонија од Договорот за добрососедство со Бугарија стануваат видливи и јасни, и само ќе се влошуваат. За тоа стигнуваат јасни пораки од Бугарија. Второ, јавноста е јасно против францускиот предлог, последица на Договорот за добрососедство со Бугарија и последователното вето. Трето, сето ова не беше содржано во ниту една изборна програма на политичка партија за да се тврди дека има легитимитет од граѓаните. Оттука, бидејќи владините политики по ова прашање немаат јавна поддршка, неопходно е директно изјаснување на граѓаните на референдум, вели Клековски во интервју за Плусинфо.

Клековски смета дека прашањето е јасно и во рамките на законските критериуми.

Референдумот е за Договорот за добрососедство, но како референдум може да се распише за прашања во надлежност на Собранието, прашањето е за ратификацијата на истиот Договор, како надлежност на Собранието. Вака поставеното прашање јасно укажува дека е за Договорот со Бугарија, а не за преговарачката рамка со ЕУ, не е за ЕУ, и во ниту една смисла не е антиевропски, објаснува Клековски, кој очекува соодветна излезност.


Целото интервју ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.