Некој од моите приоритети се внатре во ВМРО-ДПМНЕ да работам на проширување на отвореноста и инклузивноста за соработката со граѓанското општество. Би сакал да се покрене Македонија во исправна насока каде што инклузивноста и доброто владеење ќе станат нормални работи, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот Дневник на Телевизија Сител.
Фундаменталниот проблем е тоа што внатре во Владата министерот за правда Бојан Маричиќ од кое министерство излезе законот за граѓанска одговорност што го поднесе законот со европско знаменце а токму тој беше против употребата на европското знаменце, посочи Клековски.
Клековски запраша дали СДСМ е во насока на движење каде се маргинализира Собранието, маргинализира опозицијата и каде што се ставаат знаменца на ЕУ и со тоа се скратува дискусијата на сите можни закони?
Проблемот за законот за негативно мислење е малце по фундаментален бидејќи овој закон беше со европско знаменце, што претставува скратени рокови за дискусија и опозицијата е скратена за дебата за промена на нештата, заклучи Клековски.
Клековски се осврна и на поднесената декларација од ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев и рече дека е поради нефункционирањето на комисијата за култура на Собранието која уште минатата година потребно беше да донесе програма за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Од 2018 година колку што имам информации не се носи програма за одбележување на значајни личности и настани од страна на собраниската комисија за култура.
Изјавата на Радев не е симболичен проблем туку е фундаментален проблем, бидејќи со тоа демонстрира дека Бугарија сака да го постигне тоа што Грција го постигна со Преспанскиот договор, односно однапред да добие сѐ а да не понуди ништо, заклучи Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.