Министерот за образование и наука изјави дека обезбедиле рекорден буџет за образование со што се обезбедува континуитет на започнатите промени во образованието.
Не гледам причина поради која Министерот треба да се пофали. Обезбедил рекорден буџет при 3,7% (поточно 3,4 %) одвоени од БДП, што е далеку под ЕУ процентот одвојуван за образование.
Се посветиле еднакво на сите аспекти од образованието со широка поддршка на бројни чинители, а јас велам без резултат. ПИСА рангирањето поразително, втори од позади во регионот.
Ги имало сите учебници од прво до шесто одделение, ама да потсетам, нема Историја и општество, а нема ни учебници по странски јазици.
Реконструирале 80 -тина училишта, но да потсетам дека реконструирани делови се руинирани, според нив подари “лошо одржување“, а не поради лоша изведба и лош надзор.
Платите на наставниците се зголемиле, ама сепак се под нивото на потрошувачката кошничка.
Обезбедиле професионален развој на наставниците, ама генерално за оние кои им беа на список (ве потсетувам на списоци со графа наш, не е наш). Има по некој исклучок, морам да признаам во корист на вистината.
Обезбедиле нови категории на стипендии кои студентите и учениците со месеци не ги добиваат, а има и случаи кога студенти што исполнуваат услови не добиваат стипендии.
Мерките во вид на предизборен поткуп, кои направија хаос по училиштата и ќе траат само до избори, Министерот не ги спомнува, но родителите веќе знаат што е играта.
Почитувани, оваа Влада нема капацитет, но нема ниту волја да го подобри образованието.
Не чека тешка и макотрпна работа, но оваа состојба ќе се промени, затоа што образованието е важно, стои во Фејсбук статусот на Др.Весна Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.