На собраниската седница за избор на новиот парламентарен состав говореше лидерот на Левица Димитар Апасиев.Тој се осврна на изборот на Билал Касами за избор на пратеник од коалицијата Вреди.
Касами се откажа од пратеничкиот мандат за да остане градоначалник на Тетово.
Но,Апасиев смета дека Касами не може да се откаже од нешто што го нема.
„Верификациската комисија не може да му ја прифати изјавата за откажување без да му го верификува мандатот. Тој се откажал откако му кажале дека ако е избран за пратеник ја губи градоначалничката функција“, рече Апасиев
Ова не е прв пат партиите да ја оспоруваат верификацијата на мандатите.Тоа го правеше и СДСМ во 2014 година како опозиција.
Тие тогаш најавуваа дека ќе иницираат и постапка пред Управниот суд,но тоа не се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.