Лидерот на Движењето Беса, истовремено и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, на прес-конференцијата по објавувањето на победата во трката за советот на општина Тетово, побара предвремени парламентарни избори.

Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.

За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори – рече Касами.

Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса славеше победа на изборите за Советот. Голем број граѓани беа собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.