Aлбин Курти 10 години се интересира за Албанците во Македонија рече лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во „Клик Плус“ на ТВ21.

Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае на политиката на албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина, рече Касами.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.