Лидерот на Беса и тетовски градоначалник, Биљал Касами, кој не присуствува на средбата меѓу Еди Рама и лидерите на партиите на македонските Албанци во Тирана, преку социјалните мрежи се осврна на средбата.

Да, оваа Беса, со оваа политичка сила ве победи двапати по ред во главниот град на Албанците во Македонија- Тетово. Овој пат никој не може да ве спаси од пораз на следните избори, кога и да се одржат!, пишува Касами, откако Ахмети ги прозва од Тирана поради неговото недоаѓање на средбата со албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на четирите партии на Албанците во Македонија.

Пред почетокот на средбата во Тирана, Ахмети го коментираше неучеството на Беса на оваа средба.

Би било убаво да беше. Но, секој има свои мисли, своја автономија. Времето ќе докаже колку е продуктивно тоа размислување, изјави кусо Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.