Имотот во Тафталиџе што го стекнал лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, претходно бил во (ко)сопственост на бизнисменот Исмаил Јахоски, кој е поранешен градоначалник на Пласница, a моментално е пратеник од редовите на ДУИ, покажува документацијата што ја обезбеди „Фокус“.
Куќата на Таравари влезе во собраниската расправа за избор на нови владини министри од редовите на Алијанса, откако Таравари постигна договор со СДСМ и ДУИ за да го засили парламентарното мнозинство. Притоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, отворено праша дали Таравари ја добил куќата на подарок?
Во меѓувреме, „Фокус“ дојде до историскиот преглед на извршените запишувања на катастарската парцела 1432/2, која го опфаќа земјиштето и објектот во моментална сопственост на Арбен Таравари.
Таравари стекнал сопственичко право во 2021 година по пат на договор за купопродажба. Според историјатот, ова парцела со број 1432/2 се формира во 2009 година, кога практично се дели парцелата со број 1432, која дотогаш е во сопственост на повеќе членови на семејството Чинго. Поточно, оваа парцела е во сопственост на Огнен Чинго, кој во 2013 година им го продава имотот на веќе споменатата Љупка Јахоска, како и на уште лице со истото презиме – Иса Јахоски.
Тие поседуваат по една половина од овој имот се до 2017 година, кога, според историјатот на движење на сопственост, Иса Јахоски својот дел го отстапува, односно му го подарува на Исмаил Јахоски, пратеник на ДУИ, чие семејство ја поседува нафтената компанија „Пуцко Петрол“. Неколку години подоцна, односно во 2021 година, единствен сопственик на имотот станува Таравари.
Иако тој за „Фокус“ тврди дека нема информација дека имотот порано бил во сопственост на Јахоски или на членови на неговото семејство, официјалната документација потврдува дека тој купил имотот од пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски и од економист на семејната нафтена компанија „Пуцко Петрол“ – Љупка Јахоска, која моментално го поседува соседниот плац и објект.
Целата сторија на „Фокус“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.