Полициски кордони и спуштени ролетни – Собранието претворено во непробојна тврдина пред почетокот на расправата за францускиот предлог. Без зрак дневна светлина ќе се расправа за францускиот предлог.
За разлика од 5 јули кога во вечерните часови Собранието беше празно кога ордите на СДСМ, ДУИ и Оливер Спасовски се обидоа да ги растурат протестите со насилство, денеска во Собранието ќе бидат сите 120 пратеници, премиерот Димитар Ковачевски, минситрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Да потсетиме, Фон дер Лајен, која денеска ќе нѐ убеува дека идентитетот ни е бетон со францускиот предлог (како што го забетонира и Преспанскиот договор), само вчера, пред доаѓањето, на Твитер најави дека ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател“ и ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.