Македонското собрание, каде што владиното мнозиснтво ќе го прифати францускиот предлог за обезличување на Македонија е целосно „пломбирано“ под силни безбедносни мерки.

На улиците околу законодовниот дом се поставени полициски огради, зад кои се застанати бројни оклопни полициски сили.

Згора на тоа, за дополнително да се изолираат од мирниот народ што се собра пред собранието за да протестира против прифаќањето на францускиот предлог, сите ролетни на прозорците од собраниската зграда се целосно спуштени и затворени, со што објектот наликува на ковчег.

Според информации од Собранието, се очекува седницата да трае два дена. Информацијата за францускиот предлог пред пратениците се очекува да ја образложи претставник од Владата, по што ќе почне собраниската расправа. Според најавите, во расправата ќе учествуваат речиси сите пратеници од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Се очекува Џафери да ги свика координаторите на пратеничките групи да направат последен обид Собранието да донесе усогласени заклучоци по Информацијата за францускиот предлог.

Доколку пропадне обидот власта и опозицијата да се усогласат за заклучоците, тогаш мнозинството и пратениците од албанскиот блок ќе ги изгласаат заклучоците предложени од власта. Извесно е само дека врз предложените заклучоци не ќе може амандмански да се интервенира.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.