Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека денеска во Шпанија разговарал со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и со неговиот македонски колега, Димитар Ковачевски.
Кратка средба со пријателите Виктор Орбан и Димитар Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ2023ЕС, каде ќе се разговара за голем број важни теми за денешна Европа, а се надеваме и за Западен Балкан, напиша Вучиќ на Инстаграм покрај фотографијата со Орбан и Ковачевски.
Ковачевски во Гранада учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.