Секој ден по неколку мртви од сообраќајки, секој трет ден пешак пресечен на пешачки. Каде е сега министерот со смешните статистики како се намалиле несреќите, со лесните политички поени за гостување во утрински емисии, прашува активистот Ивор Мицковски.

Една системска мерка, превенција, заложба не знаете да ја спроведете.
А што сакаме од власт и судство која ослободи, веќе ослободен криминалец додека наводно излежува казна, да убие луѓе на пат и да не одговара.
А да, и приказната за 1300 км нови патишта, на дело ви е погазена, пошто патиштата се хаос, луди Макс, нема патишта, има само крпеници, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.