Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата. Добро, некои села, не сите, коментира актерот Сашо Тасевски на изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека владата ќе испрати молба до Желино таму да се постави споменик на загинатите бранители од заседата во 2001 година.

Добро е само, додава Тасевски, што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.

Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја.
Сега Славјанка железната леди на НАТО го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија.
Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата.
Добро, некои села, не сите.
Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава.
Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Споменик никогаш и нема да се изгради.
Каде бе македонски сооменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби.
Не оди тоа така. Молбата се одбива, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.