Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не замина на конгрес во Бали и со тоа заштеди 14.000 евра, се пофали денеска Судот.

Според нивното соопштение, Кацарска била поканета да учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот.

Присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот

Централна тема на Конгресот била „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот“. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови“; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.