Ламбе Арнаудов

Те гледам и те слушам, колку многу деновиве се трудиш, се мачиш, се прпелкаш, како да не разубедиш дека правдата во иднина ќе ја спроведуваш во корист на народот и афирмација на праведноста.

Ти и правда еднаква за сите, исто како мешавина на вода и масло.
Во својот пеколен поход кон врвот на моќта, газејќи све живо без трошка милост си го изгубила симболот на правдата, ВАГАТА ти испаднала некаде на скалите трчајќи, туркајќи се и прескокнувајќи ги. Место, умот, праведноста и знаењето главно се користеше со подмолност, вазалност, безмилосност трчајќи по привилегии.

Но затоа мечот со две острици што симболизира еднаквост, го задржа во твојата рака, и не само тоа туку високо го дигна и замавнуваш и уништуваш само во една насока, онаа што ти ја определил тој кој незаслужено те поставил, ама и ти ја одредил судбината и темната иднина што те чека.

Судејќи без судење со однапред одредена и одобрена казна, моќникот го направи помоќен, жртвите беспомошни, името дадено од Бога помогна да се смени, а потоа се прогласи за НЕНАДЛЕЖНА.

Крајно сурово се пресмета, без ниту еден валиден доказ, селективно и со бес и омраза која извира од внатрешноста твоја, со политичките противници и ги наполни македонските затвори со патриоти, само од тебе и неколкумина моќници прогласени за терористи. Всушност само според тебе, а на противење и разочарување на целата слободољубива и праведна јавност, но и на чудење на меѓународната правна политичка и мирољубива фела.

Но, тоа тебе не те интересира, не допира до тебе, вивната си во невидената моќ што ја приграби, а на штета на сите на кои им се намерачи, и кон сите оние кои ти беа посочени од нарачателите.

Ти доаѓа крајот. Немој да намигнуваш. Позната е превртливоста на протагонистите од твојата професија во која неколку години суверено доминираш. Не те сакаме и не ни требаш.

Ти си припадник на една дива орда во заминување и немаш ништо заедничко со нашата милост, питомост и благородност.
Остани си таму каде што цел живот припаѓаш. Само што сега сé ќе ти се заврти наопаку. Проклетството на совеста одамна тргна по тебе и твоите сурови постапки.

Ти, што според професијата требаше да му служиш на народот, се стави над својот народ. Мислеше дека газејќи на неговите широки рамена, кои служат да ја бранат, да ја чуваат и да ја сочуваат МАКЕДОНИЈА, ти ги користеше да ги достигнеш само ѕвездите наменети лично за себе.

Сега, ТОЈ НЕПОБЕДЛИВИОТ, НАРОДОТ кого толку многу го обесчестуваше, понижуваше и газеше врз неговото достоинство шетајќи надмено полна со себе, дури и на неговите глави и смеејќи им се во лице на жртвите твои и на нивните несреќни семејства, како благороден и човекољубив ќе се моли за твојата несреќна судбина што те чека. Меѓу ним и јас.

Оти ова намерно го пишувам во почетокот на БОЖИЌНИОТ ПОСТ колку толку да ја ублажиме судбината што неминовно те чека.
Но, сепак не сум сигурен, и покрај искрената желба на народот дека НЕКОЈ ЌЕ ГО ПОСЛУША.
Не знам, не ти посакувам, само едно е сигурно, нема да поминеш подобро од многу такви како тебе.

Совеста го зазема најминорниот дел од мозокот, чека долго, долго и само ти ги запишува сите твои неправди и гадости, и потоа букнува, ја окупира целата мозочна маса, ти ги потиснува сите останати чувства, те прави сопствен био-робот и е врховен командант кој ти заповеда што да правиш.
Исто како ти што правеше, ти додека се чувствуваше како врховен Бог.

Ете, тоа е пеколот во кој ќе живееш до крајот на својот живот, а поединостите што ќе ти се случуваат често ќе се смешни и истовремено жалосни.
НЕ ПРАВИ ДА НЕ НАЈДЕШ.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.